in ,

Направете чудо од вашата празнична трпеза: Полнетите јајца се специјалитет за кој сите ќе побараат рецепт!

Лесно се прават и се одличен избор за празнична трпеза (доколку се работи за мрсна прослава), но може да бидат и лесна вечера или предјадење за секоја пригода.

Потребни состојки:

  • тврдо варени јајца
  • домашен мајонез (ако не го јадете, користете грчки јогурт)
  • пипер
  • сол
  • сенф
  • зачини и билки по ваш избор (оригано, кари ..)
  • други додатоци по желба (сланина, шунка, сирење, зеленчук ()

Начин на подготовка:

Излупете тврдо варено јајце, па пресечете го на половина со нож. Извадете ги жолчките, изгмечете ги и измешајте со мајонез, сенф и зачини. Добивате основна мешавина што дополнително ја надоградувате со другите состојки.

Во филот исто така можете да додадете пире од авокадо, ситно сецкана сланина, рендано сирење или парчиња варено пилешко. Ако имате остаток од зеленчук (пченка, брокула, пиперки…) во фрижидерот, можете исто така да ги користите. Можете исто така да ги наполните јајцата со пушен лосос или туна.

Ако сте љубител на лута храна, во смесата додадете малку сецкани лути пиперки со која ги полните јајцата.

Вкусот можете да го збогатите и со чили сос или некој овошен сок (неколку капки лимон или некој друг сок).

Кога ќе го направите филот, истурете го во белките со лажица, внимавајќи да не ги оштетите. Украсете ја површината со магданос, пипер, нане – со ова ќе придонесе тие да бидат визуелно примамливи.

Полнетите јајца се служат ладни, но не можат да се замрзнат бидејќи нивната текстура се стврднува и станува како гума.

Совет плус: Сварете неколку јајца плус отколку што ви се потребни. Сите јајца нема да се излупат убаво, па затоа е најдобро да си имате и резервни јајца. За разлика од некои други специјалитети, во овој изгледот е подеднакво важен како и самиот вкус.

На здравје и добар апетит!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote