Може да користите путер од кикирики при подготовка на разни колачи, но може да го јадете и самостојно како намаз.
За подготовка, потребни ви се 300 грама излупени несолени кикирики и две лажици масло од кикирики или маслиново масло.
ставете кикирики во тава, посипете ги со масло и промешајте. Печете кикирики во рерна загреана на 180 степени помеѓу 6 и 8 минути, мешајќи на секои две минути.
Ставете ги печените кикирики во блендер и мелете додека не добиете густа маса. Чувајте го готовиот путер во затворена тегла, а рокот на траење на домашниот путер од кикирики е триесет дена.
За подетални упатства за тоа како да подготвите путер од кикирики, погледнете го видеото..
Коментари
Loading…