Како и сите безвременски стилови, локните никогаш не излегуваат од мода, но од време на време се апсолутен хит! Така ќе биде и во сезоната пред нас, и затоа ви откриваме многу невообичаен начин за нивна изработка.
Ајде да забележиме веднаш, нема да ви треба преса за коса, фен за коса или фигаро … Ништо што испушта топлина и ништо што ја оштетува косата.
Измијте ја косата и исушете ја така што е скоро целосно сува, а потоа исчешлајте ја и подигнете ја во висока опашка.
Земете стари чорапи, исечете го делот наменет за прстите, а потоа навојте ја целата опашка низ чорапот. Поделете го на два дела. Прво завиткајте еден дел околу чорапот, а потоа и другиот. Во последната фаза, зацврстете ги краевите со шноли и легнете да спиете.
Кога ќе се разбудите, нежно извлечете ги прамените, отплеткајте ја косата и уживајте во совршените локни!
Коментари
Loading…