Неолитска населба, односно од времето на 4.500 година п.н.е., е пронајдена во морето во близина на хрватскиот остров Корчула.
Како што рече Мате Парица од Одделот за археологија на Универзитетот во Задар, населбата има форма на шестоаголник и може да се види дека е изградена според планот, а не спонтано.
Населбата се наоѓа на околу 70 метри од крајбрежјето, на длабочина од четири и пол метри, а поради зголемувањето на нивото на морето, таа остана под површината, што беше клучно за зачувување на остатоците.
Ваквите стари наоди се многу ретки во целиот свет и обично се наоѓаат во пештерите, а ретко и во морето.
Оваа населба е пронајдена случајно, благодарение на снимките од воздухот.
На местото се пронајдени ножеви од кремен, големи керамички чинии и садови во форма на топка, кои жителите ги украсувале со засеци и насликале разни мотиви во црвена боја.
Коментари
Loading…