in

Натпреварот Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао е одложен, но не поради короната!

Натпреварот од 18-то коло во Ла Лига меѓу Атлетик Мадрид и Атлетик Билбао нема да се игра поради невремето што го затвори аеродромот во Мадрид.

Аеродромот Барахас беше затворен во саботата, бидејќи невремето пречеше за безбедно слетување и полетување на авионите. И двата клуба беа контактирани од врвот на Ла Лига и беше договорено натпреварот да се одложи помеѓу овие два ривали.

Натпреварот требаше да се игра во сабота од 16:15 часот, а требаше да биде втор натпревар на клупата на новиот тренер на тимот од Баскија, Марселин Гарсија Торал. Тој претрпе пораз од Барселона пред неколку дена, а на првото гостување требаше да го предводи својот тим против Атлетико.

Со тоа Атлетико би можел да ја загуби првата позиција на табелата бидејќи Реал вечерта гостува кај Осасуни. Доколку кралскиот клуб победи, ќе се пресели на првото место на табелата со бод повеќе од „јорганџиите“, кои, сепак, од вечерва ќе имаат три меча помалку.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote