in ,

СлаткоСлатко

Научниците утврдиле дека постојат два вида на најмалите мајмуни во светот!

Најмалите мајмуни во светот – пигмејските мармосети кои тежат само 100 грама – припаѓаат на два различни вида, покажа новото истражување.

Истражувањето објавено во американскиот весник за антропологија ја потврдува структурата на черепот на овие животни и нивната ДНК и сугерира дека материјалот припаѓа на два различни вида.

„Нашата студија покажа дека двата вида не можат да се разликуваат по бојата на крзното, но се разликуваат по митохондријалната ДНК и структурата на черепот“, рече Лејла Портер, водечки автор на студијата и биолошки антрополог во Илиноис.

Во претходните истражувања се чинеше дека бојата на крзното, која е многу променлива, зависи од регионот во кој живеат овие мајмуни, но сега е докажано дека станува збор за два различни вида.

„Споредбата на нивната структура на черепот сугерира дека тие имаат малку изменети форми на коски, прилагодени на начинот на исхрана, бидејќи се хранат со кора од различни видови дрвја“, објасни Портер. Истражувачите веруваат дека постојат одредени разлики во однесувањето, кои сè уште не се документирани.

Овие се всушност видови кои имаат една група заеднички карактеристики и можат да се парат и да се размножуваат едни со други. Пигмејските мармосети, тешки едвај околу 100 грама, живеат во највисоките делови околу Амазон во Јужна Америка.

Примероците користени во новата студија се собрани од 13 локации во Јужна Америка, така што истражувачите може детално да ги испитаат спецификите. Сега два етаблирани видови на овие мали мајмуни живеат на територијата на Еквадор и Перу.

Порано беа познати како источни и западни пигмејски мармосети, но тимот предводен од Лејла Портер тврди дека е подобро, поради поголема точност, да ги преквалификуваме во северозападна и јужна

Истражувачите предложија на двата вида да им се дадат научни имиња cebuella pigmaea и cebuella niveiventris.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote