in

Што?Што?

НЕВЕРОЈАТНО! Научниците откриле 14 потомци на семејството Да Винчи!

Италијански научници, истражувајќи го семејното стебло на Леонардо да Винчи, пронајдоа 14 мажи кои се потомци на семејството на славниот уметник.

„Трудот е синтеза на едно децениско истражување насочено кон реконструкција на целосната генеалогија на семејството Да Винчи“, напишаа научниците во трудот објавен во списанието „Human Evolution“.

Експертите за Да Винчи, Алесандро Вецоси и Агнес Сабато рекоа дека тие документирале 21 генерација на семејството на уметникот.

За нивната студија, тие имале разговори со потомците на семејството на италијанскиот сликар, архитект и инженер. Научниците идентификувале неколку семејства на различни гранки од неговото семејно стебло.

Комплетната историја на семејството сега е долга 690 години. Научниците трагале по машкиот дел од лозата, од предкот на Леонардо, Микеле, роден во 13 век, а потоа и неговите роднини, од неговиот татко Пјер Фросин до раѓањето на самиот уметник во 1452 година.

Тие пронајдоа четири семејства поврзани со братот на Да Винчи, Доменико.

Познатиот уметник имал најмалку 22 полубраќа и сестри, но немал деца.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote