in

ОБИЧНАТА НАСТИНКАТА НОСИ АНТИТЕЛА ЗА КОРОНАТА? Научниците дојдоа до ново сознание што носи позитивни вести.

Сепак, ова откритие бара покомплексно истражување, па затоа се спроведува пообемна студија од два факултета на Универзитетот во Лондон.

Научниците неодамна излегоа со интересна теорија за јавноста, а тоа е дека обичната настинка ќе даде одредено ниво на заштита од коронавирус. Имено, антителата кои остануваат во крвта откако ќе се опоравиме од настинка, можат успешно да се борат против вирусот COVID-19, покажа новото истражување спроведено во Велика Британија.

Научниците од Институтот Франсис Крик и Универзитетот во Лондон дојдоа до овие податоци откако развија многу чувствителен тест за антитела кон Ковид.

Кога ги споредувале крвните тестови на заразените пациенти со примероци од крв од лица кои не биле заразени, тие откриле дека некои од здравите учесници во тестот веќе имале антитела кои може да го нападнат вирусот САРС-КоВ-2, без оглед на фактот дека никогаш порано не биле заразени.

Овој феномен се објаснува со фактот дека нивните антитела се формирани поради изложеност на други вируси кои имаат структурна сличност со вирусот корона. Со цел дополнително да го потврдат нивното откритие, тие проучиле уште 300 примероци на крв кои биле собрани пред избувнувањето на пандемијата, односно примероци од крв кои биле собрани во периодот од 2011 до 2018 година.

Од овие 300 примероци, примерокот на секој дваесетти возрасен човек формирал антитела кои исто така реагирале на вирусот САРС-CoV-2, а повеќето од нив биле пронајдени во примероци на деца на возраст од шест до 16 години.

  • Децата имаат најмногу такви антитела затоа што се повеќе склони на поголема изложеност на други видови на коронавирус, а тоа објаснува зошто тие се помалку ранливи на потешка форма на болест Ковид-19 – објасни авторот на студијата, Кевин Нг.

Шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, кој е клучен за вирусот да влезе во здрава клетка, се состои од два дела, С1 и С2. Додека S1 е задолжен за врзување со ќелијата, S2 и дозволува да влезе во неа. Студијата покажа дека С2 деловите на новиот вирус на корона се слични по структурата на вирусот на настинка, што им помага на формираните антитела да се борат против Ковид-19.

Сепак, ова откритие бара покомплексно истражување, па затоа се спроведува пообемна студија од два факултета на Универзитетот во Лондон.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote