Научниците успеале да пронајдат интересен начин за детектирање на коронавирс кај луѓето користејќи пчели.
Научниците од Универзитетот Вагенинген во Холандија тренираат пчели кои можат да детектираат коронавирус за неколку секунди. Повеќе од 150 пчели биле обучени во универзитетот преку користење на голем број на тестови.
Набргу пчелите научиле преку мирис да го осетат присуството на Ковид-19. Еден од научниците го објасни процесот: „Секој пат кога пчелите ќе погодеја точно, добиваа шеќер како награда. Така тие набрзо научија да го асоцираат шеќерот со коронавирусот и сега се многу ефикасни во тоа“.