in

Кејлор Навас во ПСЖ до 2024!

Искусниот чувар на мрежата Кејлор Навас го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 30 јуни 2024 година.

Договорот на Костариканецот истекуваше на 30 јуни 2023 година, но во понеделникот беше објавено од Париз дека соработката со 34-годишниот играч ќе биде продолжена за уште една сезона.

„Исклучително сум среќен што ќе ја продолжиме соработката со Кејлор. Тој е најдобриот голман на светот. Дава чувство на сигурност на тимот, а нашите навивачи го сакаат тоа. Тој ќе биде клучен играч на крајот на сезоната, како и во годините што доаѓаат “, изјави првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.

Навас дојде во ПСЖ во септември 2019 година од Реал Мадрид. Според најавата, тој брзо стана еден од најдобрите голмани во историјата на францускиот клуб.

Со клубот освои четири домашни трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote