in ,

СлаткоСлатко

Навивач на Јунајтед стана светски хит со реакцијата кога дозна дека Роналдо се враќа (ВИДЕО)

После 12 години откако замина од „Олд Трафорд“ и направи светски рекорден трансфер во тоа време во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се врати во својот дом во Манчестер јунајтед.

Португалскиот ас, кој беше на пат кон „Итихад“, а на крај заврши во клубот во кој се изгради во светска суперѕвезда ги збудале навивачите на „црвените ѓаволи“. Од тага и гнев кога се појавија информации дека можно е да оди во Манчестер сити, а сето тоа потоа се претвори во екстаза и еуфорија дека се враќа во Јунајтед.

А, еден навивач во Манчестер откако дозна дека Роналдо се враќа, урнебесно славеше и тоа пред камера, додека новинар во живо се јавуваше со детали од враќањето на португалскиот ас. Буцкото ги правеше славните потези за прослава на гол на Роналдо, па неговата реакција стана вирален и светски хит.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote