in

Гореше небото над Белград: Поддршката на Делиите пред натпреварот со Милан! (ВИДЕО)

Не можеа да одат на трибините, но најжестоките навивачи на Црвена Ѕвезда најдоа начин да му дадат голема поддршка на својот тим пред мечот со Милан – факел-поворка што направи небото да светне над Белград.

Епидемиолошката состојба во светот не дозволува присуство на навивачи на спортски настани, вклучително и фудбалски натпревари.

Во некои посреќни периоди, преполната Маракана би го пречекала славниот клуб од Сан Сиро. Во ерата на коронавирусот, судирот на поранешните европски и светски шампиони ќе се случи пред празни трибини.

Но, тоа не беше пречка Делија да му даде ветер во грбот на српскиот шампион во негов стил пред првиот дуел од 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Неколку стотици од нив се собраа на помошниот терен и со голема факел и песна ја придружуваа екипата на Дејан Станковиќ во дуел со „росонерите“ (четврток, 18:55 часот).

Еве како изгледаше сето тоа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote