Челниците на НБА лигата одлучија да ги променат корона протоколите по зголемиот број на позитивни кошаркари и одложени натпревари.
Зачестениот број на кошаркари кои се позитивни на коронавирус поради што се одложуваат натпреварите, го натераа првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер да реагира и да ги смени здравствените протоколи.
Едно од новите правила е дека играчите мора да останат во своите фомови кога играат на домашен терен во период од две недели. Исклучок се тимските активности (тренинзи, натпревари), тренизни на отворено и основни животни активности.
Ова значи дека НБА кошаркарите ќе бидат како „затвореници“.
Новинарот Мајк Сингер вели дека тимските состаноци пред натпреварите ќе бидат ограничени на 10 минути и на нив кошаркарите ќе мора да носат маски.
Коментари
Loading…