in

СлаткоСлатко

Не чини ништо, а дава неверојатни резултати: Треба да го испробате трикот на Ирина Шајк за беспрекорен тен!

Благодарение на овој едноставен трик за убавина, Ирина Шајк има прекрасно лице.

Таа го освои светот со својот природен изглед и чувството за мода, а доколку се прашувате како успева да го направи тенот да изгледа толку добро во секое време, го имаме одговорот.

Ирина Шајк (34) има совршена кожа на лицето и секогаш изгледа свежо благодарение на овој трик за убавина на кој и е верен со години.

“Никогаш не ставам пудра со помош на апликатори или четки, туку со прсти. Тоа го олеснува процесот, а тенот изгледа неспоредливо поубаво”, рече Ирина.

Пред да нанесе шминка, таа секогаш практикува масажа со мраз, за ​​која вели дека е скоро магична.

Благодарение на овој трик, подуеноста од лицето и темните кругови исчезнуваат за рекордно време. Покрај тоа, масажата ја стимулира циркулацијата, така што тенот изгледа многу подобро. Исто така е добро познато дека масажата е одлична за превенција од брчки.

“Кога сум уморна или кога ќе се разбудам со отечени очи, најдобриот начин да се отстрани тој проблем е масажа со коцки мраз. Го научив овој трик од мајка ми и навистина функционира”

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote