in ,

СлаткоСлатко

НЕ КОРИСТЕТЕ ОМЕКНУВАЧ ВО ЛЕТО: Кога станува збор за миење постелнина, ова правило е МНОГУ ВАЖНО, а еве зошто

За да спиете без потење, клучен е изборот на постелнина. Многумина, за жал, при купувањето многу повеќе внимаваат на неговиот изглед и цена, додека составот на материјалот им е помалку важен. Таквиот пристап е многу погрешен. Природниот материјал е императив, бидејќи една третина од животот поминуваме во кревет и на што спиеме е многу важно.

Ова е уште поважно во лето, кога е топло и многу се потиме. Бактериите многу брзо се размножуваат во неизмиената постелнина и се хранат со мртвата кожа која се акумулира на неа секоја вечер. Покрај тоа, потта што ја произведува телото дополнително го подобрува сето ова. Токму затоа оние кои боледуваат од алергии на прашински грини, астма или егзема треба посебно да се грижат за хигиената на местото каде што спијат, како и жените во менопауза и сите кои обилно се потат навечер.

 

1. Материјалите кои ја апсорбираат потта, како што е памукот, се многу подобар избор од синтетичките влакна, кои дополнително го поттикнуваат телото да се поти. Во лето многу е добра и постелнината во комбинација од памук и лен. Да, тие се малку потешки за пеглање, но барем не треба да се грижите за ноќното потење. Ако не сте го знаеле ова претходно, изберете ткаенини со поголем број на конци за постелнина. Колку е поголем нивниот број, толку е пофина и помазна ткаенината.

2. Експертите препорачуваат постелнината да ја менувате барем еднаш неделно, а во лето тоа да се прави почесто – на секои три дена.

3. Сопствениците на домашни миленици треба почесто да ја менуваат постелнината бидејќи нивните омилени крзнени животни често спијат или остануваат на неа.

jastuk

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote