in

НЕ, НЕ Е НИКОТИН: Овие ШЕСТ работи можат сериозно да ги оштетат белите дробови!

Иако чадот од тутун се смета за исклучително штетен за здравјето на белите дробови, тој не е сам на листата на причини за респираторни проблеми.

Теписи

Мувла, измет од глодари, токсични гасови … Сето ова може да се крие во вашиот тепих и негативно да влијае на вашите бели дробови. Она што не го знаете е дека веројатно хемикалиите што се користат при правење теписи исто така можат да му наштетат на здравјето на белите дробови. Ако сте чувствителни, би било добро да размислите за поставување паркет или да ги пресмукате вашите подови со правосмукалка најмалку три пати неделно.

Пестициди

Овие хемикалии ги чуваат инсектиде подалеку, но ако ги допрете, вдишете или јадете, тие можат да предизвикаат проблеми со респираторниот и нервниот систем, хормони, вид, кожа …

Огномет

Боите кои се наоѓаат во петардите и спрејовите се составени од разни видови метали кои се претвораат во прашина кога ќе експлодираат, а доколку ги вдишите може да ја влошат астмата или другите респираторни проблеми и да влијаат на здравјето на срцето.

Брашно

Пекарите често ќе го вдишат брашното при подготвување на производите, кое може да предизвика симптоми како што се отежнато дишење и звук на „свиркање“ при дишење. Ако не обрнете внимание, може да се добие астма и да може да се влоши, но исто така може да предизвикаат сериозно оштетување на белите дробови.

Плин

Плочи за готвење, печки, грејачи – можат да предизвикаат белодробни заболувања. Како што гори гасот, тој произведува хемикалија наречена азотен оксид што може да предизвика воспаление и да предизвика кашлање или астма.

Освежувачи на воздух

Иако го олеснуваат дишењето со освежување на воздухот, тие можат да му наштетат и на здравјето на белите дробови. Исто така, може да се развијат габички кои освежувачот само ќе ги распрска низ просторијата, истиот проблем може да се појави со употреба на клими. За да избегнете проблеми, редовно ви препорачуваме да ги чистете .

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote