in

WTFWTF Што?Што?

Никогаш не пијте вода што останала преку ноќ, бидејќи може да биде опасна – еве зошто!

Дали пиете вода од истата чаша што ја оставивте претходната ноќ? Дали забележавте дека има различен вкус?

За разлика од многу намирници, водата не содржи протеини и шеќер, и поради тоа, микробите лесно можат да ја контаминираат и да го загрозат нашето здравје.

Водата од чешмата што останала во чашата полека почнува да добива чуден вкус.

Многумина веруваат дека тоа се должи на микроорганизми. Хлорот содржан во неа се грижи за мал број од нив, но на собна температура тие почнуваат брзо да се размножуваат и можат да предизвикуваат сериозни проблеми.

Дури и кога станува збор за чиста вода во чиста чаша, една голтка става нови бацили во целата мешавина – покрај оние што ги собирла водата од прашината во просторијата.

Но, тоа всушност не е причината за застојаниот вкус на водата. Јаглерод диоксидот е виновен за ова. По 12 часа, водата од чешмата станува „рамна“ бидејќи јаглерод диоксидот од воздухот почнува да се меша со водата во чашата, намалувајќи ја неговата pH вредност и давајќи и чуден вкус. Како и да е, овој вид вода е најверојатно здрава за пиење, пишува Healthyfoodhouse.

Сепак, постојат и микроорганизми. Ако користите неизмиена чаша од ден на ден, постои поголема шанса бактериите во неа да предизвикаат проблем. Вие сте потполно безбедни ако користите чиста чаша – освен ако нејзиниот раб не го допираат прстите, особено неизмиени по одење во тоалет.

Значи, водата која била извесно време во чашата не е расипана, но ако земеме во предвид што има во неа по некое време, експертите не ве советуваат да ја пиете, туку да земете нова чаша и да истурите свежа вода што ќе ви ја задоволи жедта, за да се избегнат дијареи, грчеви и слични проблеми со стомакот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote