in

Не сакате да знаете на што спиете: Ова е најбезбедниот начин за темелно чистење на перниците!

Перниците на кои спиеме, иако се заштитени , апсорбираат пот и маснотии од нашата кожа и се дом на непривлечни суштества – грини.

Затоа е потребно редовно да се мијат перниците, за да се отстрани нечистотијата што не ја гледаме со голо око, а која е секако присутна.

Наједноставниот начин е да ги миете перниците во машината за перење на секои два до три месеци. Проверете ја декларацијата на производот и упатствата за перење и одржување, и ако тие се перат во машина, еве што да направите.

Подгответе една чаша дестилиран бел оцет, десет капки есенцијално масло од лимон и детергент со кои нормално ја миете облеката.

Вметнете две перници во машината и започнете ја програмата за перење во согласност со упатствата на декларацијата. Во делот наменет за пудра, истурете јаболков оцет и есенцијално масло од лимон, кои покрај свежината, ќе обезбедат и длабока чистота на перницата без микроби, и на крај детергент.

По миењето, извадете ги перниците и ставете ги во машина за сушење да се исушат или оставете ги да се исушат природно на свеж воздух.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote