Менаџерот на Кралевите, Зинедин Зидан изјави дека не е сигурен дали капитенот на клубот, Серхио Рамос ќе остане на Сантиаго Бернабеу. Дефанзивецот Рамос, 34, останува без договор и ќе стане слободен агент на крајот на сезонава.
Шпанскиот репрезентативец освои 4 ЛШ, 4 Клупски Светски првенства и 5 титули во домашното првенство со Реал Мадрид. За неговите услуги заинтересирани се голем број на европски гиганти.
Коментари
Loading…