in

СлаткоСлатко

Нема да ви требаат лекови: Регулирајте ги хормоните на природен начин

Во идеален свет, естрогенот и прогестеронот кај жените би биле во совршена рамнотежа. За жал, во денешно време тоа е едноставно невозможно поради различни фактори. Сепак, постојат начини да го подобрите вашиот хормонален статус и да ја држите вашата состојба под контрола.

Ако сакате да го поправите вашиот хормонален дисбаланс, тогаш вклучувањето на семиња во вашата исхрана може да биде клучот за вас. Тоа подразбира вклучување на свежи семиња во исхраната во одреден период во текот на месецот, поточно во текот на вашиот менструален циклус. Затоа, внимателното консумирање на однапред одредени семиња може да ги подобри нивоата на естроген за време на фоликуларната фаза и нивото на прогестерон за време на лутеалната фаза.

Првата фаза е помеѓу 1 и 14 ден (идеално кога овулирате) кога женскиот систем создава естроген. Во овие денови јадете по една лажица ленено семе и семки од тиква секој ден за да ги подобрите сите процеси кои се карактеристични за оваа фаза. Запомнете, фитоестрогените, кои ги содржат овие семиња, се природен извор на естроген.

Сончоглед и сусам за лутеална фаза

Втората фаза е помеѓу 15-28 дена кога нивото на прогестерон се зголемува. Така, една лажица сончоглед и сусам секој ден може да помогне во лутеалната фаза. Прогестеронот во вашиот систем добива поттик од цинкот и витаминот Е кои се наоѓаат во секој од овие видови семиња.

Значи, доколку сте решиле да ја вратите рамнотежата на хормоните на природен начин, вклучете ги семките од тиква, сусам, сончоглед и лен во вашата дневна рутина. Покрај тоа, хранете се здраво и задолжително вежбајте.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote