in

БИЗАРНО! Протести во Мадагаскар поради неефикасна борба против коронавирусот!

Стотици луѓе протестираа во главниот град на Мадагаскар поради лошата употреба на средства наменети за борба против епидемијата на коронавирус и растот на цените на основните прехранбени производи.

Протестот го следеа силни полициски сили.

Опозицискиот пратеник им порача на насобраните дека Мадагаскар добил 600 милиони долари помош за борба против вирусот, но дека „ништо од таа помош не е корисно“.

Реакцијата на владата на претседателот на Мадагаскар, Андри Рахоелина, на пандемијата на коронавирусите е предмет на остри критики од опозицијата.

Минатата година Рахоелина претстави еден билен чај како лек кој им помага на заразените, што беше осудено и од Светската здравствена организација.

Според официјалните податоци, од ковид-19 во Мадагаскар починале 297 лица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote