in , ,

СлаткоСлатко Што?Што?

3 трикови кои ќе ви помогнат да ја вратите белината на пожолтените алишта: Зачувајте ги омилените парчиња облека

Природни начини да ја вратите облеката со сјаен изглед.

Колку и да изгледаат белите алишта убаво, факт е дека тие не се најпрактични бидејќи брзо се валкаат, а можат да добијат жолта боја кога стојат. Белата облека изгледа елегантно, но нејзиниот најголем недостаток е тоа што по само неколку перења, може да ја изгуби таа препознатлива белина.

Истото може да се случи и поради облеката што стои предолго во плакарот, како и поради мешање со други парчиња за време на перењето.

Добрата вест е дека можете да го решите овој проблем со храна што сигурно ја имате во кујната, и која може да ви го врати стариот сјај на белата облека.

1. Сок од лимон

Исцедете два лимона, потоа истурете го сокот во дозерот за перење алишта, а потоа вметнете ја белата гардероба во барабанот. Измијте ја облеката според програмата и температурата на која и онака ја перете.

2. Сода бикарбона

Сода бикарбона е можеби најпознатиот сојузник во чистењето на куќата, а исто така ќе биде одлична и за избелување на облеката. Додадете 2 лажици сода бикарбона со течен детергент за перење на почетокот на циклусот на перење и измијте како и обично.

3. Алкохолен оцет

За да ги отстраните жолтите дамки, треба да додадете чаша дестилиран оцет на делот каде што сте го ставиле омекнувачот. На овој начин, блага оцетна киселина ќе дејствува како белило.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote