in

Неколку трикови кои можат да ви помогнат да спречите предвремено расипување на храната

Дали некогаш сте се почувствувале виновни што сте дозволиле вашата храна да се расипе, а потоа сте биле принудени да ја фрлите?
Сигурно нема да ви бидат потребни скапани домати, расипано млеко или застоен кроасан, но сепак греота е што сте купиле нешто што не сте го искористеле, пособено кога ќе го земете
во предвид влијанието на прекумерното производство на храна врз животната средина.

Сепак, постојат трикови кои можат да ви помогнат да го продолжите векот на траење на вашата храна.
Во следниве неколку редови ќе ви откриеме некои од нив:

Банани

Неверојатен трик како бананите да го одржите подолг период свежи. Со само едно мало парче пластична фолија за вакумирање на храна завиткајте ја дршката на бананата и по неколку дека ќе забележите дека трајноста на банатата е многу подолга од вообичаено.

Кромид

Верувале или не, кромидот завиткан во хулахопки може да трае и до осум месеци.

Павлака

Ако ја свртите чашата од кисела павлака наопаку во вашиот фрижидер, тоа ќе создаде ефект на вакум во самата чаша, при што ќе го забави растот на бактериите кои се одговорни за расипување на храната.

Млеко

Не оставајте млеко на самата вратата од фрижидерот, бидејќи температурата во тој дел од фрижидерот премногу варира, па затоа постои ризик млекото побрзо да се расипе.

Компир

Најдобро е компирот да биде на темно место. Изложеноста на светлина допринесува самиот компир да позелене и овене.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote