in

Официјална потврда: Нема откажување на Олимписките игри!

Олимписките игри сигурно ќе се одржат ова лето без оглед на околностите, потврдија од комитетот.

Потпретседателот на Олимпискиот Комитет, Џон Коутс, изјави дека овогодишните Олимписки игри ќе се одржат ова лето без разлика дали градот Токио ќе остане во кризна состојба. Главниот град на Јапонија е еден од оние кои сеуште се под кризна состојба поради пандемијата од коронавирусот.

Кризната состојба беше донесена како последица на порастот на заболени во тој регион. Претходно беше дебатирано дали е безбедно игрите да се одржат оваа година, но сега Комитетот потврди дека нема откажување на ОИ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote