in

ФОРМУЛА 1: Ниту оваа година нема да гледаме трка во Сингапур!

Големата Награда на Сингапур беше откажана и оваа сезона во Формула 1, откриваат БиБиСи Спорт.

Формула 1 во договор со властите на Сингапур се договорија да го откажат настанот поради можните забрани за имигранти во државата. Другите трги на овогодишниот календар сеуште не се безбедни и не се знае дали ќе се одржат.

Турција, Кина и втора трка во САД се кандидатите кои можат да го заменат Сингапур на календарот за оваа сезона. „Многу беше тешка одлуката да го откажеме овој настан втора година по ред, но поради безбедноста мораше тоа да се случи“ изјавија властите на државата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote