Мажите кои веруваат дека не ги исполнуваат културните стандарди на мажественост можат да почувствуваат вознемиреност, што може да резултира во агресија.
Истражувањата покажуваат дека несигурноста може да влијае на менталното здравје на мажите и исто така може да биде причина за агресивно однесување кон другите.
Две студии спроведени на Универзитетот Дјук испитувале 195 студенти и случајно избрана група од 391 маж на возраст од 18 до 56 години за да ги утврдат нивните ставови за машкоста.
Се покажа дека помладите мажи кои го црпат своето чувство за мажественост од искуствата на другите луѓе, имаат поголема веројатност да покажат непријателско однесување, објаснувајќи дека „колку повеќе мажот го чувствува социјалниот притисок да биде помажествен, толку поагресивно ќе се чувствува“.
„Машкото насилство, тероризмот, насилството врз жените, политичката агресија, кревката мажественост може да објасни многу од нив“, изјави главниот автор Адам Стеналанд во заклучокот од истражувањето и додаде:
„Кога овие несигурни мажи ќе почувствуваат дека не исполнуваат строги родови норми, тие можат да почувствуваат потреба да дејствуваат агресивно со цел да ја докажат својата машкост, за да бидат„ вистински мажи“.
Коментари
Loading…