in ,

Што?Што?

КОГА СЕ СЛУШАТЕ ОВА, ЌЕ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ СПУШТАТЕ РОЛЕТНИТЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ: Има важна причина зошто ова е лошо!

Во лето, ги спуштаме ролетните преку ден за да ги направиме просториите помалку загреани, но еве зошто тоа е лоша навика.

Ако ги спуштите ролетните во текот на денот, или за да имате поголема приватност или за да го одржите станот поладен за време на жешките летни денови, треба да го слушнете ова.

Всушност, една студија спроведена на Универзитетот во Орегон, предводена од д -р Ашкан Фахимипур, покажа дека е многу поздраво да се држат ролетните кренати, бидејќи сончевата светлина ги убива бактерии кои живеат во прашината, а тоа може да го намали ризикот од респираторни проблеми.

Истражувањето беше објавено во професионалното списание „Микробиом“, а научниците ги изложија бактериите во домашната прашина на три различни ситуации во контролираните простории – темна просторија, просторија со природна светлина, а во третата просторија имаше УВ осветлување .

По 90 дена, тие собраа примероци и ги анализираа, со што се утврди дека постои врска помеѓу изложеноста на светлина и бројот на бактерии во прашината. Бактериите се размножуваат многу побрзо (дури 12 проценти) во темни простории. Најмалку бактерии имало во просторијата со УВ светлина (6,1 проценти), а потоа во просторијата со дневна светлина – 6,8 проценти.

Покрај тоа, бактериите пронајдени во темна просторија, исто така, беа поврзани со респираторни проблеми, многу повеќе од оние примероци во просторија со дневна светлина.

„Нашата студија го потврди она што древните го знаеја одамна, дека дневната светлина убива микроби во честичките прашина“, вели авторот на студијата д -р Фахимипур.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote