in

НЕСРЕЌНИОТ МАЖ И ГРАДИНАРОТ! [ВИЦ]

Човекот се враќал дома од патување и додека бил на аеродромот му се јавил на градинарот кој бил вработен кај нив!
-„Се ли е во ред дома?“
Градинарот му рекол:
-„Во ред е, во ред е. Ја поправам лопатата, рачката и се скрши!“
Човекот му рекол:
-„Што бидна зошто се скрши?“
Градинарот:
-„Му копав гроб на вашето куче, малку посилно сум копал и се скрши“
Човекот:
-„Штоо, кучето ми почина?“
Градинарот:
-„За жал падна во базенот!
Човекот:
-„Како е можно, моето куче знаеше да плива!“
Градинарот:
-„Базенот беше празен, скокна и си ја скрши главата!„
Човекот:
-„Како е можно, пред неколку дена го наполнивме!„
Градинарот:
-„Пожарникарите го гаснеа пожарот во куќата и им беше потребна додатна вода!„
Човекот:
-„Штоооо, во куќата имал пожар!“
Градинарот:
-„Да господине, почина мајка ви и еден посетител добро не ја изгаси цигарата и куќата се запали!„
Човекот:
-Мајка ми ли почина?! Како е можно пред извесно време немаше никаков проблем!„
Градинарот:
-„Во право сте, но кога ја виде вашата жена со вашиот најдобар пријател имаше срцев удар!„
Човекот:
-„Човеку не ли имаш некоја позитивна вест?„
Градинарот:
-„Има господине! Тестот што го направивте за ХИВ ви излезе ПОЗИТИВЕН!„

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote