James Bond: No Time To Die ја чека последната одлука на MGM, откако студиото доби понуда за откуп на правата на филмот од страна на стриминг гигантот Netflix, според најновите инофрмации. Поради пандемијата која го покори светот, филмот не успеа да дебитира на филмското платно.
MGM минатиов период размислуваше за продавање на сите права за филмот на една од стриминг компаниите од САД како што се Netflix, Disney+, Apple+ и другите, но според најновите информации Netflix е најблиску до купување на филмот. Сумата која се спомнува за склопувањето на овој договор се вртоглави 600 милиони долари, кој Netflix ќе мора да му ги исплати на MGM за да може слободно да го емитува филмот.
Коментари
Loading…