in

Netflix ја стопира продукцијата на The Witcher поради неколку позитивни тестови на КОВИД-19!

Филмскиот гигант Netflix ја стопираше продукцијата на популарната серија The Witcher која се снимаше во Обединетото Кралство поради неколку позитивни тестови на екипажот. Четири позитивни теста беа потврдени вчера и Netflix продолжи да ги тестира сите инволвирани во проектот. Сите кој имале близок контакт се изолирани и ќе поминат одредено време во карантин.

Снимањето на серијата се одвива во студијото Arborfield во Западен Лондон и ќе продолжи кога сите ќе се вратат на своите работни места, доколку нема други препреки поврзани со пандемијата. Ова е второ стопирање на снимањето на оваа сезона од серијата после позитивниот тест на глумецот Kristofer Hivju кој беше заболен уште во Март. Првата пауза траеше до средината на Август.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote