in

Netflix откри кога ќе искочи третата сезона од серијалот Sex Education

Netflix потврди дека третата сезона од нивниот оргинален серијал Sex Education ќе искочи во втората половина на 2021 година.

Официјалниот профил на Твитер на стриминг платформата со објава ги соопшти новостите: „Сакаме да ви соопштиме дека третата сезона од Sex Education ќе започне со стриминг на нашата платформа на 17 септември оваа година“!

Аса Батерфилд, кој толкува улогата на протагонистот Отис, неодамна изјави дека продолжението на серијалот ќе биде апсолутно феноменално. На социјалната мрежа Твитер тоја напиша: „Само да ви кажам дека воопшто не сте спремни за новата сезона. Ќе биде апсолутно феноменална“.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote