in

УбавоУбаво Што?Што?

Неверојатната моќ на детската пудра!

Покрај тоа што не потсетува на бебешката мека и миризлива кожа, изгледа дека детската пудра е вистински “магичен прав” со безброј корисни карактеристики за едно семејство.

Со купувањето на пакетче детска пудра сигурно нема премногу да му наштетите на домашниот буџет, меѓутоа дефинитивно ќе бидете воодушевени од податоците за што се истата можете да ја искористите.

Ја уништува непријатната миризба на обувките

Доколку се соочувате со непријатната миризба од вашите обувки, решението за овој проблем дефинитивно е детската пудра. Ставете малку од белиот прав во кондурите и оставете ги истите така да ја поминат ноќта. Следниот ден избришете ги кондурите и истите се подготвени за носење, а она што е сигурно е тоа дека тие ќе мирисаат “како нови”.

Ги брка мравките

Истурете малку детска пудра пред домашната врата или околу прозорците и бидете сигурни дека мравките ќе го одминуваат вашиот дом.

Детската пудра освежува

Наместо дезодоранс, под пазувите може да нанесете детска пудра затоа што истата, покрај тоа што мириса прекрасно, ја впива и потта и го задржува свежиот мирис.

 Како освежувач на просторот

Доколку можеби не го сакате мирисот на детската пудра, во правот можете да додадете и неколку капки од своето омилено етерично масло, а потоа овој “домашен производ” можете да го користите за освежување на вашиот дом, кој на крајот ќе мириса божествено.

Спас за паркетот “кој чкрипи”

Доколку во вашиот дом дел од паркетот неподносливо крцка, истурете детска пудра на подот, а потоа со помош на метла разнесете ја истата, така што пудрата да ги исполни празнините помеѓу парчињата дрво.

Впивање на маснотијата

Следниот пат кога нешто мрсно ќе ви капне на облеката или мебелот, веднаш на местото истурете малку детска пудра, која што ќе ја впие мрснотијата и ќе ја освежи ткаенината.

Детската пудра е чувар на книгите

На старите книги дадете им го посакуваниот нов изглед со помош на детска пудра, која што е задолжена за впивање на влагата и спречување на создавањето мувла.

Спречува иритација на кожата

На внатрешната страна на бутовите нанесете детска пудра, се со цел да ја спречите иритацијата на кожата при триењето на нозете во текот на движењето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote