in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

СОВРШЕН БАЛАНС НА ЧОКОЛАДО И ЏЕМ ОД Кајсии: Пробајте го оригиналниот рецепт за торта Сахер

Она што ја прави оваа торта толку посебна е совршениот баланс на чоколадо и џем од кајсии. Чоколадна кора со путер вкус, како и нежни кајсии кои ја смируваат сладоста и му даваат совршена хармонија на овој десерт, по кој Австрија е позната, меѓу другото, барем кога е храната во прашање.

Хотелот „Sacher“ во Виена доби право својата торта да ја нарече „Original Sacher Torte“, која носи тркалезен чоколаден печат. Колачот се служи со незасладен шлаг, а со тортата оди и незаменливата меланж од кафе.

Овој познат колач има и свој ден, кој се слави на 5 декември.

Направете ја оваа чоколадна магија следниот пат за свечена пригода и не заборавајте да ги воодушевите вашето семејство и гостите.

САХЕР ТОРТА (според оригиналниот рецепт):

Кора:

6 јајца
150 гр путер
130гр чоколадо со 55% какао цврсти материи
100 гр шеќер
100гр шеќер во прав
140 гр брашно
1 стапче ванила (по избор)

Фил:

200 гр џем од кајсии

Прелив:

200 гр шеќер
125 ml вода
150гр чоколадо со 55% какао

ПОДГОТОВКА:

Одделете ја жолчката и белката. Изматете ги белките и додадете шеќер. Посебно изматете го путерот со жолчките, па стопеното чоколадо.

Во смесата просејте го брашното и додадете ги претходно изматените белки. Во тркалезен плех со страни што се вадат ставете ја хартијата за печење и смесата.

Печете 10 минути со подотворена врата на рерната на температура од 170 степени (рерната мора да се загрее пред да ја ставите кората). Потоа уште 50 минути на иста температура со затворена врата. Се остава да се излади дваесетина минути, а потоа кората се сече на половина.

Во тенџере растопете ги чоколадото, шеќерот и водата. Изладете го и потоа наполнете го центарот со домашен џем од кајсии, а последната кора покријте ја со растопено чоколадо.

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote