in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

СУПЕР СОВЕТИ: Со овие 8 совети искористете го талогот за кафе на најдобар начин

Талогот за кафе е она што повеќето од вас сигурно го сметаат за најчест отпад, но како и сè друго, користеното кафе може повторно да се искористи, а еве неколку идеи.

  1. Иако мирисот на кафе е еден од најубавите за нас кој не може да замисли ден без него, повеќето домашни инсекти и штетници се одвратни, а тука спаѓаат мравки, полжави, муви … Едноставно наросте талог од кафе на места каде мислите дека има мравки или полжави и по некое време повеќе нема да ги видите.
  2. Лесно ќе ги отстраните дамките од дрвените површени со помош на талог од кафе и тоа без никакви штетни хемикалии.
  3. Со кафе можете да направите инстант декорација и освежувач на домот (секако доколку сакате мирис на кафе). Едноставно, ставете го меленото кафе на дното на теглата, а потоа лепете свежо набрани цвеќиња во неа. Не само што изгледа добро, туку мириса и нереално.
  4. Ако не можете да се ослободите од непријатните мириси што доаѓаат од вашиот фрижидер, едноставно ставете талог од кафе во мала тегла. За разлика од сода бикарбоната, која исто така прави одлична работа, кафето има подобра арома.
  1. Еден од најефикасните природни пилинзи за тело е направен од кафе.
  2. Вие сте љубител на мачки, но не ви се допаѓа тоа што вашите миленици минуваат низ вашите саксии или градини. Наросете талог од кафе околу вашите растенија во градината, ова не само што ќе им помогне на растенијата да растат подобро, туку и ќе ги оддалечи мачките.
  3. Направете природно ѓубриво од кафе ако сте посветени на органски одгледувана храна. Измешајте две шолји талог од кафе со кофа со вода и оставете го да отстои преку ноќ, а потоа наводнете ги цвеќињата и зеленчукот со таа вода.
  4. Ако се формираат гребнатини на темниот дрвен мебел, натопете парче памучна вата во талогот од кафе и ставете во оштетените места за да ги маскирате.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote