in

Што?Што?

НЕВЕРОЈАТНО! Докази дека диносаурусите живееле на Алјаска!

Неодамнешно истражување тврди дека малите фосили на диносауруси, откриени во најсеверниот дел на Алјаска, се силен доказ дека праисториските суштества живееле цела година на Арктикот и веројатно биле топлокрвни.

Пронајдени се фосили од најмалку седум видови диносауруси кои штотуку се извеле или сè уште биле во јајцата пред 70 милиони години.

Директорот на Универзитетот во Алјаска, Пат Дракенмилер, рече дека ова е прв доказ некогаш за гнездата на диносаурусите, а благодарение на него се поништени претходните претпоставки дека диносаурусите биле ладнокрвни влекачи.

“Ако тие се размножувале, тогаш тие презимувале овде. Ако презимувале, морале да се справат со услови кои обично не се поврзани со диносаурусите, како што се замрзнување и снег. Тие морале да имаат одредено ниво на топлокрвност, бидејќи не можат да ги загреат своите тела на сонце.“- рече Друкенмилер.

За време на периодот на креда, кога Северна Америка била позиционирана поинаку, таа била на 80 или 85 географска ширина, а тогаш регионот би бил многу потопол од северната падина на Алјаска.

Врз основа на остатоците од антички растенија, научниците пресметуваат просечна годишна температура од околу шест степени Целзиусови, слична на онаа на Алјаска, што значи дека зимите имаат снег и мраз, објасни Дракенмилер.

Иако северната падина на Алјаска сега има два месеца тотална зимска темнина, за време на креда периодот беше тотална темнина до четири месеци годишно.

„Пронаоѓањето мали коски и заби беше макотрпно, ги идентификувавме со микроскопско испитување откако тие повеќепати беа просејувани од седименти собрани во експедиции пред години“, рече Дракенмилер.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote