in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Киноа: Растение старо 6.000 години богато со магнезиум, калциум и аминокиселини!

Црнo, белo и црвенo – семето на киноа е полно со здрави својства

Семето од киноа не содржи глутен, богато е со протеини и ги содржи сите 9 аминокиселини! Ова растение е старо 6000 години и е познато и како „античко семе“.

Во потрага по поздрави диети и алтернативи на белото брашно, наидовме на храна за чии имиња не сме чуле досега. Една од нив е киноа.

Пронајдено во области на Јужна Америка, најмногу се одгледува во Перу, Еквадор и Боливија. Иако многумина мислат дека станува збор за житна култура, киноата не е, туку припаѓа на семејството на лиснат и цветен зеленчук заедно со спанаќ и цвекло. Често се смета за житна култура, бидејќи начинот на подготовка е ист.

Извор на протеини

При споредување на хранливите материи, 100 гр неварена киноа содржи двојно повеќе протеини од оризот! Покрај тоа, ова семе ги има сите 9 важни аминокиселини, што е невообичаено за растенијата.

Киноа, исто така, може да се пофали со натпросечна количина на железо, фосфор и калциум, покрај калиум, цинк и фолна киселина.

Бидејќи киноата не е житарка, зрната се без глутен и се погодни за луѓе со целијачна болест, хронично оштетување на слузницата на тенкото црево предизвикано од внес на глутен.

Билен лек

Поради голема количина на магнезиум и растителни влакна, киноата може да го намали крвниот притисок и маснотиите во крвта, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, срцев удар и мозочен удар.

Главоболките не мора да бидат предизвикани само од промена на времето, стрес и дехидрација. Една од причините е високата киселост на телото. Со балансирање помеѓу киселина и база, високата содржина на витамини и магнезиум ги релаксира крвните садови, а со тоа го намалува интензитетот и нападите на мигрена.

Богата со протеини и јаглени хидрати, дава чувство на ситост, спречува повторно желба за јадење и спречува импулсивно внесување на нездрава храна. Дијабетичарите честопати се борат со неконтролирано зголемување на нивото на шеќер во крвта после јадење. Побавното варење на киноа спречува нагли зголемувања на шеќерот во крвта и го одржува балансиран.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote