in

Нико Хулкенберг назначен за резервен возач на Астон Мартин!

Германецот Нико Хулкенберг му се приклучи на тимот на Астон Мартин и ќе ја има улогата на резервен возач и возач за развој. Хулкенберг настапи три пати минатата година за тимот, кој беше познат како Рејсинг Поинт, кога возачите Серхио Перез и Ленс Строл беа заболени со Ковид-19.

Германецот беше дел од тимот од 2012 до 2016 кога тимот го носеше името Форс Индија. „Тимот знае дека може да смета на мене кога треба да влезам во болидот и да ја завршам работата. Секогаш сум спремен за било каков предизвик.“ изјави поранешниот возач на Рено.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote