Германија ќе и врати на Нигерија 1.130 бронзени статуи кои му припаѓале на Кралството Бенин, пренесува Анадолија.
Во соопштението издадено од Сегун Адеџеми, официјален претставник на Министерството за информации и култура на Нигерија, се вели дека министерот за информации и култура на Нигерија, Лаи Мохамед, се сретнал одделно со германската министерка за култура Моника Грутерс и германскиот министер за надворешни работи Хајке Мас неговата посета на Берлин.
На состанокот со Грутерс, Мохамед побара бронзените статуи, кои беа однесени во Германија, да бидат вратени во Нигерија.
Министерот рече дека Германија придава значење на враќањето на бронзените статуи кои некогаш му припаѓале на Кралството Бенин. Истакнувајќи дека во Германија во моментов има 1.130 бронзени статуи од Кралството Бенин, Грутерс рече дека се согласиле со музеите во нејзината земја статуите да бидат доставени до Нигерија.
Грутерс посочи дека споменатите статуи наскоро ќе бидат вратени во Нигерија, пренесува Анадолија.
Стотици нигериски артефакти, вклучително и бронзени статуи украдени за време на претколонијалната и колонијалната ера, се сместени во разни музеи во САД и европските земји.
Коментари
Loading…