in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Никако не го фрлајте овој дел од црешата: Еве како може да се искористи

Омиленото овошје на многумина – црешите, ја започна својата сезона и ние веќе уживаме во првите сочни плодови. Богати се со витамините Ц, А и Е, а нутриционистите ги препорачуваат во неограничени количини бидејќи го чистат телото од токсини и не го иритираат желудникот. Месестиот плод е одличен извор на калиум, железо, цинк, бакар и манган. Црешите се полни со мелатонин, антиоксиданс кој ја намалува нервозата и несоницата, а исто така се и силен диуретик.

Иако сето ова веќе добро го знаеме, малкумина знаат дека стебленцата се многу корисни.

Ако правите чај од стебленца од цреша, еве ги сите позитивни ефекти што можете да ги почувствувате:

Овој пијалок влијае на работата на бубрезите и уринарниот тракт. Исто така, се верува дека може да помогне да се ослободите од камењата во бубрезите.

А покрај тоа што го зајакнува целото тело и ја враќа енергијата, овој чај е добар и за луѓето кои патат од ревматизам.

Многу лесно се подготвува. Сè што треба да направите е да го направите следново:

Стебленцата добро исушете ги на сонце, а потоа сварете грст стебленца во литар вода. Тргнете го од оган и покријте го со плех. Оставете да отстои околу еден час и потоа процедете.

Сега пијалокот е подготвен за употреба, а доколку сакате можете да го засладите со мед.

Напитокот се пие 3-4 пати на ден.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote