in

Норвешка спроведува „сурови“ експерименти врз китови!

Норвешка ќе спроведе „сурови“ тестови на Китовите, иако научниците во таа земја, како и низ целиот свет, се спротивставуваат на идејата бидејќи овие експерименти можат сериозно да ги повредат животните.

Плановите за снимање и изведување на шестчасовни тестови за звук на млади китови треба да се одржат во Норвешка, и покрај противењето на дури 50 меѓународни научници и експерти за диви животни, кои сметаат дека идејата е „тотално неприфатлива“ и може да предизвика огромен стрес кај животните.

На северот на Норвешка во близина на островот Вествагои, китовите мигрираат секоја година во потрага по храна на пат кон далечниот север, и таму се поставуваат мрежи долги една милја, каде што во текот на една или две сезони, околу десетина млади китовите ќе бидат фатени и чувани за експериментирање.е администрација на Норвешка.

Петицијата против овој суров план собра дури 59.000 потписи.

Сузан Милвард, директорка на морската програма на Институтот за заштита на животни, смета дека овој потфат не вреди да се ризикува, имајќи предвид дека веќе е познато од претходните експерименти како китовите реагираат на различни звуци.

“Ако китовите се вознемират, тие ќе се бранат со огромна сила и тоа може да биде крајно опасно за луѓето. Бидејќи китовите се инаку многу непредвидливи, нивната реакција ќе биде целосно погубна за истражувачите, особено за оние во вода”, додаде Милвард.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote