Норвешката влада претстави денеска низа нови мерки, од воведување на само електрични возила за комуналните служби до три пати повисок данок за јаглерод за земјата да може да ги исполни климатските цели.
Норвешка сака да ја намали емисијата на штетни гасови за 50 до 55 отсто до 2030 година во соработка со Европската унија, а целта е до 2050 година да се намали за 90 до 95 отсто.
„Климатските промени кои ги предизвикува човекот имаат сериозни последици врз луѓето, животните и природата ширум светот“, рече на конференцијата за новинари премиерката Ерна Солберг.
Меѓу претставените мерки е и онаа дека од 2022 година ќе се воведе „нула емисија“ на штетни гасови при набавка на автомобили и комбиња. Истото ќе важи за тендерите за траекти почнувајќи од 2023 и за градските автобуси од 2025 година.
ne e ybavo