in

НЕВЕРОЈАТНО! Новиот кинески возсо брзина до 600 км/ч! [ВИДЕО]

Новиот кинески брз воз маглев (магнетна левитација) “шишаше„ од шините денес и е дизајниран да достигне брзина до 600 километри на час.

Тоа во моментов го прави најбрзото копно возило на светот.

Новиот транспортен систем маглев ја доживеа својата премиера во крајбрежниот кинески град Кингдао, во источната провинција Шандонг, пренесува кинеското радио на српски јазик.

Возот се очекува да помине растојание од 1.000 километри за два и пол часа.

Кина самостојно го разви овој воз, кој ги рефлектира најновите научни и технолошки достигнувања на таа земја во областа на железничкиот транзит, објави Кинеската железничка корпорација.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote