in

НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД! ИМА ЖРТВИ

Во голем терористички напад во Сирија, во кој цел на нападот бил автобус, убиени се 28 лица, јавија британските медиуми.

Нападот се случил на автопат во сириската провинција Деир Зор, која се граничи со соседен Ирак, јавија сириските државни медиуми, пренесени од британскиите медиуми.

Во автобусот имало сириски војници и провладини сили кои се враќале во нивната база во ретко населено подрачје.

Втор извор наведува дека во терористичкиот напад се убиени најмалку триесетина војници, главно од елитината Четврта бригада на сириската армија, која е засилено присутна во оваа богата провинција што произведува нафта, откако борците на Исламска држава беа протерани од неа во 2017 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote