in

Нов закон во Норвешка! Инфлуенсерите ќе мора да кажуваат дали нивните слики се фотошопирани!

Инфлуенсерите во Норвешка ќе мора да им дадат до знаење на нивните следбеници доколку некоја слика на социјалните мрежи е фотошопирана со цел да се разубави нивниот физички изглед.

На 11 јуни, властите на Норвешка ги предложија новите регулации за социјалните мрежи и инфлуенсерите. Новиот закон беше изгласан во парламетот со 72 гласови за и ќе започне да се применува од датумот кога што ќе одлучи кралот на Норвешка.

Законот гласи: „Личноста која користи програми за разубавување на сликите и манипулации ќе мора да им каже на своите следбеници дека нивните слики се фотошопирани“.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote