in

Границите на Нов Зеланд остануваат затворени за туристи се додека не се вакцинираат сите жители!

Нов Зеланд е една од ретките земји во светот која одлично се справува со пандемијата од корона вирусот. Но сето тоа е резултат на строгите мерки кои се во сила во државата уште од Март минатата година. Нацијата забележа 2,295 случаи на Ковид-19 со 25 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

И покрај големиот успех во намалувањето на заразата, министерката за здравство на Нов Зеланд изјави дека државата нема намера да ги отвори своите граници за туристите, се додека нејзините жители не се вакцинирани и заштитени.

„Нов Зеланд ќе се врати во нормалност, тогаш кога и светот ќе започне да се враќа во нормала“ изјави министерката.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote