in

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА МЕСО? Почнува продажбата на месо направено во лабораторија!

Сингапурските власти го одобрија пуштањето на пазарот на првото месо во светот кое не доаѓа од заклани животни.

Тоа е производ на компанијата „Eat Just!“, пилешко месо кое се одгледуваше во лабораторија, а месото првично ќе се продава во форма на грутки. Компанијата не прецизираше кога точно нивниот производ ќе биде достапен на пазарот.

Неодамна, на пазарот се зголемува побарувачката за алтернативи на месните производи, бидејќи потрошувачите сè повеќе се грижат за своето здравје, благосостојба на животните и заштита на животната средина.

Се проценува дека во следната деценија, пазарот за алтернативи за месо може да вреди 140 милијарди долари.

Сингапурската агенција за регулирање на храната објави дека пилешкото на компанијата „Eat Just!“ е безбедно за консумирање во предвидените нивоа на употреба.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote