Српскиот тенисер во скратената сезона поради пандемијата на коронавирусот остана на првото место на АТП ранг листата, а успеа да освои и еден грен слем трофеј, Австралија Опен, додека играше во финалето на Ролан Гарос.

„Новак ја заврши годината на првото место по рекорден шести пат во последните десет години, откако оваа година освои четири титули. Ѓоковиќ победи на првите 26 дуели на почетокот од сезоната, притоа остварувајќи и историски осми триумф на Австралија Опен, а славеше и во Дубаи, Синсинати и Рим. Со 33 години и 16 дена Ѓоковиќ постави рекорд како најстар тенисер кој годината ја завршува како прв светски тенисер и исто така се израмни со својот идол од детството Пит Сампрас кој исто така шест години беше прв на АТП ранг листата на крајот од годината“, пишува АТП.
Коментари
Loading…