in

ОД СЗО ЗАГРИЖЕНИ: ИМА ПОВЕЌЕ ВИДОВИ НА КОРОНА ВИРУС!

Новиот вид на коронавирус, што се појави на југоистокот од Англија, е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија, информира денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов.

-Новиот вид на коронавирус се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму, изјави Ван Керхов за Би-Би-Си.

Таа потврди дека новиот вид доаѓа од југоистокот на Англија.

-Да. Според информациите споделени од Англија, новиот вид потекнува или од југоистокот на Англија или од Лондон.

Таа додаде дека Обединетото Кралство уште во септември го утврдило постоењето на новиот вид на коронавирус„ што се уште кружеше на југоистокот на Англија”.

-Ние сме загрижени за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според првичните резултати, но, сепак, студиите се во тек и допрва ќе ги гледаме резултатите, изјави таа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote