Популарната Американска компанија за стрипови DC Comics потврдија нова серија на Бетмен стрипови, во кои познатиот јунак ќе биде црнец. Писателот кој неодамна освои Оскар John Ridlеy ќе учествува во пишувањето на The Next Batman, кој ќе се состои од 4 изданија.

Ridley недоамна изјави дека сака на ликот да му даде нова димензија. Серијалот се случува во Готам во иднина, кадешто Брус Вејн е мртов и луѓето се под закана на злобниот канибал Магистрат. Единствен човек кој стои помеѓу доброто и злото е Тимоти Фокс, новиот Бетмен.
Коментари
Loading…