Октоподите можат да го вкусат нивниот плен пред да го изедат преку нивните пипала, според научниците. Рацете на октоподите имаат специјални рецептори кој се поврзани со мозокот и му испраќаат информации за допир и вкус, односно тие едноставно можат функционираат како нашите јазици. Ова својство им овозможува на октоподите да проценат дали нивниот плен е добра храна за нив или пак тој е отровен.

Ова е екстремно корисно за октоподите бидејќи тие ловат буквално „се што мрда“. Многу морски суштества, вклучувајќи ги и октоподите, можат да детектираат разни хемикалии во водите во кој што живеат и ги одбираат најоптималните локации за нивниот живот. Октоподите имаат орган сличен на јазикот во нивните усни празнин, но по сите изгледи тој не е способен да ја вкуси храната туку тие тоа го прават преку нивните пипала.
Коментари
Loading…